Примената на меѓународните и на европските стандарди имаат навистина огромно значење, особено за компаниите што извезуваат на европскиот пазар затоа што со нив се зголемува квалитетот на производот, се зголемуваат сигурноста и здравјето на граѓаните, се избегнуваат пречките во трговијата, се зголемува конкурентноста на производите и, најважно, се стимулира иновативноста. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини при вчерашната посета на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), кој е во постапка да стане сертификациско тело за системи за управување со квалитет (MKC EN ISO 9001:2009). Се очекува овие сертификати да почне да ги издава до крајот на годината. Институтот е членка на Европскиот комитет за стандардизација и на Европскиот комитет за електротехничка стандардизација. Според Сарачини, има сериозни забелешки за одредени компании што се занимаваат со издавање сертификати за квалитет. Во последно време имаме сознанија дека многу компании, човек-компанија, издаваат сертификати по еден месец...
Примената на меѓународните и на европските стандарди имаат навистина огромно значење, особено за компаниите што извезуваат на европскиот пазар затоа што со нив се зголемува квалитетот на производот, се зголемуваат сигурноста и здравјето на граѓаните, се избегнуваат пречките во трговијата, се зголемува конкурентноста на производите и, најважно, се стимулира иновативноста.
Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини при вчерашната посета на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), кој е во постапка да стане сертификациско тело за системи за управување со квалитет (MKC EN ISO 9001:2009). Се очекува овие сертификати да почне да ги издава до крајот на годината. Институтот е членка на Европскиот комитет за стандардизација и на Европскиот комитет за електротехничка стандардизација.
Според Сарачини, има сериозни забелешки за одредени компании што се занимаваат со издавање сертификати за квалитет.
- Во последно време имаме сознанија дека многу компании, човек-компанија, издаваат сертификати по еден месец. Невозможно е да заврши целата постапка за издавање ИСО-сертификат, ние заедно со Институтот за стандардизација, со Институтот за акредитација, но и со Министерството за информатичко општество и администрација веќе од септември ќе направиме план и динамика за следење на сите компании што имплементираат и издаваат ИСО-стандарди за да можеме да го подигнеме квалитетот во овој домен - изјави министерот Сарачини.